
Каролина Хурикејнс стекнаа предност од 2-0 во осмина-финалната серија против Нешвил Предаторс, откако синоќа славеа со 3-0.
Во груб меч, неизвесен до самиот крај, клучниот погодок го постигна Себастијан Ахо во првата третина.
До крајот, поради фактот дека немаа постигнато погодок, Предаторс мораа да нападнат и да ја одиграат завршницата со празен гол.
Сето тоа го искористија Хурикејнс, кои во последната минута постигнаа два погодоци.
Најпрво, Ахо, со вториот гол на натпреварот, зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Ворен Фогел.
Сепак, покрај двата погодоци на Ахо, клучни беа и 32/32 одбранети противнички удари на Алекс Недељковиќ, кој го запиша првиот плејоф шут-аут во кариерата.



