По поразот од 5-4, Чикаго Вајт Сокс го возвратија ударот против Минесота Твинс и успеаја да слават со минимални 1-2.
За екипата од Чикаго, ова беше петти овосезонски триумф над ривалите од Минеаполис со вкупна поен-разлика од 44-18 на тие мечеви.
Единствениот поен на Минесота падна во третиот ининг со хоум-ранот на Нелсон Круз.
Од друга страна, во петтата и во шестата деветтина, по четири бази за Вајт Сокс освоија Лери Гарсија и Џејк Лемб.
Веднаш по натпреварот, двете екипи заземаа сосема различни позиции во Американската лига, односно Вајт Сокс (26-16) беа на врвот, а Твинс (14-27) на самото дно.