
Во второто коло од германската 2. Бундеслига, Хамбургер, иако важеше за фаворит, загуби пред повеќе од 50 000 гледачи од Ханза Рошток со 0-1.
За Ханза, ова беше воедно и прв меѓусебен гостински триумф после 28 октомври 2001, кога славеше со ист резултат.
Хамбургер одлично го отвори мечот, но како што се ближеше крајот, гостите сè повеќе ја преземаа иницијативата.
Накрај, победа на тимот на Јенс Хартел му донесе резервистот од клупата, Кевин Шумахер, кој во судиското продолжение (90+4′) го постигна својот прв погодок во втората германска лига.
Гостинските дефанзивци беа исто така заслужни за оваа победа бидејќи одлично ги индиспонираа противничките напаѓачи – Сони Кител и Роберт Глатцел.
После две кола и двете екипи имаат по три поени, исто како и: Падерборн, Нирнберг, Магдебург, Сандхаузен и Дармштадт.