
Во шестото коло од групната фаза на хокеарската Лига на шампиони, Штраубинг го декласира Вилах со убедливи 8-0.
Домаќините имаа вкупно шест различни стрелци во своите редови и уште девет други хокеари, кои запишаа асистенции.
По двапати, противничката мрежа ја затресоа Лук Адам и Сандро Шонбергер, а по еднаш реализираа Марсел Брандт, Коди Лампп, Тим Брунхубер и Тејлор Лајер.
Германците, исто така, имаа неверојатни 100 упатени шутеви, од кои, 56 беа во рамките на голот, 26 надвор од него и уште 20 блокирани удари.
Во групата Ф, Штраубинг го презеде првото место од шведскиот Фајерштад, кој беше изненадувачки поразен од Краков со 4-3.




