Караорман во заостанатиот натпревар од втората лига славеше на гостувањето во Гевгелија против Кожув со 0:2.
Стрелец за водство на Караорман беше Саше Шопоски, додека вториот гол беше автогол на домаќините. Голманот на Караорман, Столевски одбрани и пенал во 78.минута за големи три бода за стружани.




