
Машката карлинг репрезентација на Шкотска, денес, во Лилехамер, Норвешка, ја освои рекордната четиринаесетта титула на Европските првенства.
Во текот на цело натпреварување, Шкотланѓаните го задржаа стопроцентниот учинок, односно славеа на сите единаесет одиграни мечеви.
Во големото финале, Британците ги победија бранителите на титулата, Шведска, со резултат од 8-5.
Иако Шкотска поведе со 1-0, Шведска направи пресврт од 1-2 во вториот енд од финалето.
Сепак, на полувремето, новите шампиони не само што израмнија, туку и создадоа недостижна предност од 6-2.
Капитенот на победничкиот состав, Брус Муат, беше одличен со 82% на успешни ,,тејк-аут” удари, но неговиот соиграч, Боби Леми, го надмина со фантастични 83%.
Во битката за третото место, Италија ја порази Норвешка со 10-4 и се закити со бронзен медал.