Во претпоследната квалификациска рунда за Лига Европа, поранешниот македонски првак, Шкендија, на националната арена ,,Тодор Проески”, го пречека англискиот гигант Тотенхем.
Претставниците на Лондон поведоа уште во 5. минута преку Ерик Ламела, а тој резултат беше актуелен до крајот на првиот дел.
Веќе во 55. минута, Валмир Нафиу, на спектакуларен начин, го постигна својот прв европски погодок и го израмни резултатот на 1-1.
Среќата на тетовчани траеше само петнаесет минути бидејќи Сон Хеунг-Мин и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците за Тотенхем и го поставија конечниот резултат од 1-3.
Во финалната рунда од квалификациите, Тотенхем ќе се соочи со Макаби Хаифа, кој денес беше поуспешен од Ростов со 1-2.
Сликата е преземена од официјалниот Твитер профил на Тотенхем



