сабота, август 13, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Шипачјов се издвои на врвот: Динамо триумфираше на далечниот исток

Епов Насе ✏️ Епов Насе
септември 14, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Бабунов Сергей

Пред само два дена, Динамо Москва гостуваше во Хабаровск, на пат поголем од осум илјади километри, каде што ја победи екипата на Амур со 2-6.

Денес, претставниците на главниот град на Русија беа над девет илјади километри далеку од дома, односно играа во Владивосток против Адмирал и триумфираа со 3-5.

За нив, ова беше единаесетта победа на последните дванаесет меѓусебни средби, односно петти последователен триумф во новата сезона.

Најпрво, Адмирал поведе преку Вјачеслав Ушенин во завршницата на првиот период, а после една минута во втората третина, Динамо израмни на 1-1 со голот на Дмитри Рашевски.

🚨 Vyacheslav Ushenin PP
1-0 Admiral #KHL pic.twitter.com/Dc9C6c2d14

— This is the KHL (@ThatPuckStick) September 14, 2021

Од средината на вториот дел, па сè до три минути пред крајот на натпреварот, двете екипи уште по двапати ја затресоа противничката мрежа.

Имено, двоен голгетер за Адмирал беше Марк Верба, кој потекнува од школата на Динамо, додека за гостите стрелаа Станислав Галиев и гореспоменатиот Рашевски.

Во последните седумдесет секунди игра, ,,Сините” дојдоа до конечниот триумф, благодарение на Николај Чебикин и на најдобриот поентер во досегашниот тек на КХЛ – Вадим Шипачјов.

Освен голот, Шипачјов запиша уште две асистенции и стана најдобриот асистент во историјата на КХЛ со дури 510 додавања за погодок.

🚨 Vadim Shipachyov EN
5-3 Dynamo Moscow #KHL pic.twitter.com/HrfTiV5DI9

— This is the KHL (@ThatPuckStick) September 14, 2021

На Западот, Динамо Москва е единствен тим со стопроцентен учинок после пет средби, додека Адмирал е десетти на Истокот, но сè уште ја чека првата овосезонска победа.

WHAT A SNIPE 🎯
🚨 Nikolai Chebykin
4-3 Dynamo Moscow #KHL pic.twitter.com/HJkhjJtJj1

— This is the KHL (@ThatPuckStick) September 14, 2021
Tags: Адмирал ВладивостокДинамо МоскваКХЛХокеј
ShareTweet
Претходна вест

Затаракоски: Ќе дадеме максимум ова езерско дерби да биде како што доликува

Следна вест

На денешен ден: Првиот британски клуб, кој заиграл во европските натпреварувања

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)
Ракомет

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн
Останато

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?
Спорт

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија
Останато

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Следна вест
На денешен ден: Првиот британски клуб, кој заиграл во европските натпреварувања

На денешен ден: Првиот британски клуб, кој заиграл во европските натпреварувања

Последно

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

(ВИДЕО) Мелбурн избори плејоф со убедливата партија против Пенрит

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.