Мице Шилегов не доби голема минутажа на дуелот помеѓу Металург и Фајверс ама шансата која ја доби, ја искористи со еден атрактивен погодок во мрежата на австрискиот тим при крајниот резултат од 33:33.
Шилегов доби топка од Златко Хорват и ја изведе атрактивната „вртенка“ и пред очите на австрискиот ракометен тим. Во прилог и видео од прекрасниот гол на ракометарот на Металург во рамките на Европската лига: