Леонард Жута беше непосреден сведок на еден од најубавите голови во Серија Б во досегашните 14 кола, а беше немоќен да го спречи проектилот на Габриел Стрефеца, кој мина покрај него и ја уптати во мрежата на Лече.
Голот на Стрефеца во 79 минута беше единствен и одлучувачки за крајниот исход на овој меч. Моментно Лече е на осмата позиција во Серија Б, последна што гарантира настап во дополнителниот бараж за последното трето место во повисок ранг на натпревари, но тимот е во криза и нема победа на последните пет натпревари.
Жута, кој има 15 настапи за македонската репрезентација, го одигра целиот меч, но не успеа да се радува со својот нов тим. Ова лето потпиша за Лече, а пристигна како засилување од Хакен во обид тимот да се врати во Серија А.



