Турскиот репрезентативец Озан Кабак ќе биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок, каде што игра за бундеслигашот Шалке 04. 20-годишниот турски репрезентативец е интересен за европските гиганти и за него зимска битка ќе бијат Ливерпул и Тотенхем.
Јирген Клоп има проблеми во дефанзивата, особено по повредата на Вирџил ван Дајк, но и Џо Гомес, па ќе се обиде да го ангажира Кабак во преодниот рок што следи. Во трката се вмеша и Тотенхем, па двата англиски клубови се главни кандидати за ангажман на Кабак, кој е голем потенцијал и има само 20 години.



