
Вториот овосезонски велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се одржа во францускиот ски-центар Куршевел.
На него, Микаела Шифрин (2:15,35) во потполност ја натскија конкуренцијата и стигна до седумдесет и втората победа во кариерата.
Со новите сто поени, Американката се врати на првото место во генералниот поредок, пред сè поради фактот дека Софија Гоџа не ја заврши денешната трка.
Зад Шифрин, се пласираше најдобрата шведска скијачка, Сара Хектор (+0,86), која го освои својот четврт подиум и воедно втор во Куршевел.
По петнаесетти пат, на пиедесталот заврши и Швајцарката Мишел Гизин (+1,08), губејќи една позиција во однос на првата серија.
Актуелната шампионка, Петра Влхова (+1,44), беше четврта, а како петтопласирана заврши искусната Теса Ворли (+1,86).
Најдобриот пласман во кариерата, а воедно и најдобриот пласман во историјата на женското полско алпско скијање го освои Марина Гасиеница-Даниел (+2,44) со шестата позиција.
Во продолжение, во топ 10 завршија уште Федерика Брињоне (+2,61), Рамона Зибенхофер (+2,77), Камил Раст (+2,78) и Мина Фирст Холтман (+2,82).