Во третата рунда од ФА Купот, силите ги одмерија шестолигашот Чорли и второлигашот Дерби Каунти.
Во пресрет на мечот, сите првотимци на Дерби, вклучувајќи го и тренерот Вејн Руни, беа позитивни на КОВИД-19 или беа во изолација.
Поради тоа, на денешниот меч настапија младинските фудбалери на ,,Овните” (од У18 и од У23 селекциите), а составот го предводеше младинскиот тренер Пет Лајонс.
Во гостинскиот состав имаше дури единаесет дебитанти, а просечната возраст беше деветнаесет години.
Накрај, Чорли на искуство ги доби своите противници со резултат од 2-0.
Стрелци на головите беа Конор Хол (10′) и Мајк Калвели (84′).
За составот на Џејми Вермиљо, ова е рекорден учинок, односно за првпат во историјата, ,,Страчките” ќе учествуваат во четвртата рунда (1/16-финале) на ФА Купот.
📸 Derby County