Третата, а воедно и последната, станица на овогодинешното издание на Тур д ски, после Вал Мустер и Тоблах, е италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме.
Според денешната програма, во северна Италија се одржаа спринтовите во машка и во женска конкуренција, каде што повторно отсуствуваа Норвежаните.
Кај дамите, Лин Сван (3:14,69) го победи и третиот спринт на којшто учествуваше сезонава, а шведската доминација ја комплетираа Маја Далквист (+0,54) и Ема Рибом (+0,84), кои завршија на подиумот. Двете Русинки, Наталија Непрјаева (+1,60) и Татјана Сорина (+1,97), заедно со Криста Пармакоски (+2,42) се пласираа во финалето, но попуштија на стотина метри пред целта.
Швеѓаните славеа и кај мажите во името на Оскар Свенсон (3:19,83), позади кој завршија Глеб Ретивих (+0,24) и Александер Болшунов (+0,32).
Победникот на претходниот спринт на Тур д ски, Федерико Пелегрино (+0,70), беше четврти, а во финалето учествуваа уште Валентин Шован (+0,76) и Артјом Малцев (+3,15).
📸 Dustin Satloff/Getty Images



