
Хјустон Астрос дојдоа до шестата победа во низа, откако синоќа ги надиграа Оукленд Атлетикс со 4-3.
На мечот, Астрос поентираа трипати во третиот и еднаш во седмиот ининг, притоа дозволувајќи им по еден поен во првиот и два во шестиот период на своите противници.
Од редовите на Атлетикс, до 21. хоум-ран во сезоната дојде Мет Олсон, а на ист начин, по вторпат во 2021, на семафорот се запиша Елвис Андрус.
Третиот поен повторно беше дело на Олсон, кој освои четири бази по грешката на фрлачот Кристијан Хавиер.
На спротивната страна, единствени што освоија по четири бази со трчање беа Абрахам Торо и Мајлс Строу, додека хоум-ран постигнаа Хозе Алтуве и Кајл Такер.
Со овој триумф, Хјустон (54-33) изби на водечката позиција во Американската лига, додека Оукленд (49-39) го зазема петтото место.