
Шефилд Венздеј ита кон враќање назад во Чемпионшип, откако нема ниеден лигашки пораз на последните дваесет и три средби.
Во дербито на триесет и седмото коло на Лиг 1, ,,Утките” не беа на очекуваното ниво, но изборија реми од 1-1 против Болтон.
Најпрво, Ли Грегори (11′) им донесе водство на домаќините, кои подобро го отворија натпреварот, а Виктор Адебојеџо (36′) го израмни резултатот со вториот гол во новата средина.
На табелата, Шефилд Венздеј сè уште остана на лидерската позиција, додека Болтон се наоѓа во плејоф-зоната на шестото место.