
Шефилд Јунајтед ја запиша првата победа во месец октомври, откако во осумнаесеттото коло го совлада ВБА со 0-2.
За тренерот на ВБА, Карлос Корберан, ова беше дебитантски настап на клупата на тимот од ,,Хоторнс”, кој заврши на неславен начин.
Во моментот, Вест Бромвич стои на претпоследната позиција на табелата, иако беше еден од главните фаворити за промоција во Премиер лигата.
Од друга страна, Шефилд Јунајтед скокна на четвртото место со три бода заостаток во однос на лидерот Барнли.
На мечот, ,,Сечилата” ја решија целата работа во своја корист уште во првата половина од првото полувреме, кога до своите седми голови во сезоната стигнаа Илиман Ндиаје (11′) и Оли МекБурни (23′).
https://twitter.com/LeLxiii/status/1586335319250464768?t=JFlojlpILAxd7mU9n5aTxA&s=19




