
Женската одбојкарска екипа на Фенербахче го освои четвртиот турски Супер куп во својата историја.
Во овогодинешното издание, Фенербахче славеше над Вакифбанк со убедливи 3-0 и дојде до првиот наслов после 2015.
По сетови, избраничките на Зоран Терзиќ беа подобри со: 25-23, 25-21 и 25-21.
Од победничките редови, двоцифрени беа Арина Федоровцева со деветнаесет и Ана Лазарева со дванаесет поени.
На спротивната страна, целата игра се базираше на Паола Егону, која поентираше дваесет и два пати.