Откако синоќа загубија со 86-104 од Мајами Хит, Шарлот Хорнетс го запишаа четвртиот пораз во низа.
Хорнетс одиграа добро прво полувреме, но клучната разлика настана во финишот на третата четвртина, кога Мајами направи серија од 23-2.
Од гостинскиот состав, дабл-дабл запиша Бам Адебајо (20 поени и 12 скокови), а поефикасен од него беше само Џими Батлер (27 поени).
Кај Хорнетс, Мајлс Бриџес и Тери Розиер беа најрасположени во нападот со 15, односно со 16 кошеви.
Во Источната конференција, Шарлот (28-26) се наоѓа на деветтата, а Мајами (34-20) на втората позиција.