
Нов Зеланд го доби првиот златен медал на ЗОИ во својата историја, откако Зои Садовски-Синот беше победничка на дисциплината слоупстајл во сноубординг.
Актуелната светска и новата олимписка шампионка дојде до титулата со изведбата од 92,88 поени.
За Садовски-Синот, ова беше втор олимписки медал во кариерата, после бронзата во биг ер од Пјонгчанг 2018.
На втората и на третата позиција завршија Американката Џулија Марино (87,68) и Австралијката Тес Коуди (84,15), кои дебитираа на олимпискиот пиедестал.
Од финалистките, издание од над 80 поени имаа уште Канаѓанката Лори Блуин (81,41) и Јапонката Реира Ивабучи (80,03).