
Со третата победа во низа, Шарлот Хорнетс ги надиграа Оклахома Сити Тандер со 121-98, нанесувајќи им го четвртиот врзан пораз.
Хорнетс беа доминантен тим во текот на цел меч, а двоцифрено водство стекнаа уште во првата четвртина.
Од победничките редови, дабл-дабл постигна Мајлс Бриџес (22 поени и 14 асистенции), а Тери Розиер додаде уште 24 кошеви.
На спротивната страна, Шеј Гилџус-Александер беше најефикасен со 29 поени, а две двоцифрени статистики имаше Џеремаја Робинсон-Ерл (12 поени и 11 скокови).
Во Источната конференција, Шарлот (26-20) скокна на седмото место, додека Оклахома (14-31) е претпоследна екипа на Западот.




