
Синоќа, за првпат во историјата, Ст. Луис Блус гостуваа кај Сиетл Кракен и заминаа со убедлив триумф од 0-5.
Головите на Блус паднаа во непарните третини, а во листата на стрелците се запишаа пет различни хокеари.
Имено, голгетери за гостите беа Тајлер Бозак, Брејден Шен, Павел Бучневич, Колтон Парајко и Џордан Кајру.
Од друга страна, Кракен упатија 27 шутеви кон голот на Виле Хусо, но Финецот беше стопроцентен и дојде до својот втор овосезонски шут-аут.
Во Западната конференција, Сиетл го зазема претпоследното место, додека Ст. Луис се наоѓа на втората позиција.




