
Хокеарите на Северстаљ Череповец испишаа клупска историја, откако ја остварија осмата последователна победа што претставува нивен нов рекорд.
Претставниците на Западната конференција, во својата арена ,,Ајс Палас”, со резултат од 3-2 славеа над Автомобилист Екатеринбург.
Во деветтата минута, гостите дојдоа до предност од 0-1, благодарение на Шејн Принс, кој го постигна својот трет погодок во новата средина.
Заклучно со втората третина, Северстаљ го започна и го комплетира својот пресврт, откако Игор Гераскин, Кирил Пилипенко и Владислав Кодола ја затресоа мрежата на Дмитри Шикин.
Голманот на Авто, делумно успеа да се оправда за трите примени погодоци, откако беше еден од асистентите при вториот гол на Принс, кој воедно беше и последен на натпреварот.
Рекордната серија го искачи тимот од Череповец на четвртото место во Западната конференција, додека Автомобилист е петтопласиран на Истокот.