Македонската ракометна репрезентација денес и утре ќе одигра два подготвителни натпревари против Египет. Ова ќе биде одлична можност селекторот Кире Лазаров и стручниот штаб да пробаат нови тактички варијанти и како ќе се вклопат дел од младите ракометари во нивните замисли.
Двата натпревари се предвидени да се одиграат денес и сабота во 18 часот.
Состав за двомечот со Египет:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски
ЛЕВИ КРИЛА: Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски
ЛЕВИ БЕКОВИ:Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ненад Костески
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски