Популарниот ,,Мастерс” е еден од трите турнири што ја сочинуваат ,,Тројната круна” во снукер.
Во текот на изминатата недела беше одржано неговото 47. досегашно издание, кое кулминираше со синоќешното финале.
Во него, силите ги одмерија двократниот шампион, Шон Хигинс и дебитантот Јан Бингтао.
Накрај, со победата од 10-8, Бингтао стана само шестиот дебитант што го освоил овој престижен турнир, односно прв после Марк Селби во 2008.
Хигинс имаше резултатска предност во текот на поголемиот дел од мечот, но Бингтао одлично ги искористи неговите грешки за да дојде до титулата.
На патот до финалето, Бингтао ги елиминираше Нил Робертсон (6-5), Стивен Мегваер (6-5) и Стјуарт Бингам (6-5), додека Хигинс беше подобар од Марк Ален (6-5), од Рони О’Саливен (6-3) и од Дејвид Џилберт (6-4).
📸 Twitter: World Snooker Tour