
Селтик ја оствари најголемата гостинска победа во своето постоење, откако во петтото коло од шкотскиот Премиершип го декласира Данди Јунајтед со 0-9.
За избраниците на Џек Рос, ова беше втор најголем пораз во историјата после дебаклот од 12-1 од Мадервел во 1954.
На мечот, Селтик имаше потполна доминација и упати триесет шутеви, од кои, тринаесет завршија во рамките на голот.
Хет-трик за ,,Зелено-белите” постигнаа двајца фудбалери, Кјого Фурухаши (15′, 40′, 45+2′) и Лиел Абада (50′, 59′, 77′), а по еден гол дадоа уште Жота (45+6′), Јосип Јурановиќ (55′) и Карл Старфелт (81′).
На табелата, Данди Јунајтед остана на последното место со само еден бод, додека Селтик е прв со максимален учинок и со гол-разлика од 21-1 после пет кола.