
Во првиот меч од четврт-финалната фаза, Колорадо Аваланш ги декласираа Вегас Голден Најтс со убедливи 7-1 и поведоа со вкупни 1-0.
За хокеарите од Денвер, ова беше прв меч после осум дена, бидејќи во осмина-финалето со 4-0 ги елиминираа Ст. Луис Блус.
Доколку се гледаат мечевите од цел месец мај, вклучувајќи го и финишот на регуларната сезона, Колорадо има тринаесет победи на вкупно четиринаесет средби.
Синоќа, после 34 минути игра, домаќините веќе водеа со резултат од 5-0, откако во листата на стрелците се запишаа Мико Рантанен, Габриел Ландеског (х2), Брендон Саад и Нејтан МекКинон.
Неполна минута после петтиот гол, на 5-1 за гостите намали Вилијам Карлсон, а до крајот, конечниот резултат го поставија МекКинон, со вториот погодок на мечот и тројниот асистент – Кејл Макар.



