
По вторпат во низа, Атланта Хокс славеа над Њујорк Никс со 113-96 и поведоа во меѓусебната осмина-финална серија со 3-1.
Во првото полувреме, предноста варираше и на двете страни, додека во второто, Хокс ја поседуваа и ја градеа резултатската позитива.
Најзаслужен за победата на ,,Јастребите” беше Тре Јанг со 27 кошеви, а по него, со 22 поени, следуваше Џон Колинс.
Освен нив, значаен придонес имаше и Клинт Капела со дабл-дабл од 10 кошеви и од 15 скокови.
Кај Њујорк, две двоцифрени статистики имаше Џулиус Рендл (23 поени и 10 скокови), а солидна партија покажа и Ар Џеј Берет со 21 поен.