Синоќа, Шарлот Хорнетс славеа со 99-102 над Детроит Пистонс и со тоа дојдоа до седмата последователна меѓусебна победа во низа.
Хорнетс водеа во текот на речиси цел натпревар, но сепак неизвесноста беше огромна бидејќи максималната предност изнесуваше +10.
Накрај, кај Шарлот, со дабл-дабл од 10 поени и од 12 скокови, мечот го заврши Џејлен МекДаниелс, додека најефикасен беше ЛаМело Бол со 23 кошеви.
Од редовите на поразениот состав, најмногу се истакна Хамиду Диало со 35 постигнати поени.
На табелата на Источната конференција, Детроит (19-47) остана на дното, додека Шарлот (32-33) ја зазе ма осмата позиција.