Вториот денешен меч од третото коло од новата НРЛ сезона го одиграа градските ривали Саут Сиднеј Рабитохс и Сиднеј Рустерс.
Накрај, до втората победа во низа дојдоа Рабитохс, кои триумфираа со 26-16.
,,Зајаците”, после 45 минути игра, стекнаа огромна предност од 24-0 со есеите на Вокер (7′, 43′), на Дане Гагаи (15′) и на Џош Мансур (37′), како и со шутевите на Адам Рејнолдс.
Во продолжение, ,,Петлите” успеаја да се вратат резултатски со полагањата на Брет Морис (72′), на Џош Морис (80′) и на Џејмс Тедеско (80′), како и со едниот шут за два поени на Сиосиуа Токејахо.
Во тој интервал, Латрел Митчел погоди уште еден пенал за Рабитохс и го постави конечниот резултат.
На табелата, двете екипи имаат по четири поени, односно по две победи во првите три кола.
📸 Cameron Spencer/Getty Images