понеделник, април 19, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(Фото) ОК Џио и Струмица жени спремни за титула, останатите чекаат шанса

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 26, 2021
📁 Спорт

Квалитетот на екипите и нивните досегашни резултати лесно ги одредуваат улогите на учесниците во денешните полуфинални натпревари на завршниот турнир на македонскиот одбојкарски куп.

Џио Струмица е фаворит против Вардар, а Универзитет во Тетово против Шкендија, но спецификата на куп-натпреварувањето е во тоа што изненадувањата се негов составен дел.

Оттука, без оглед на околностите, скопските и тетовските ,,Црвено-црни” не се отпишани, особено што тоа се екипи коишто имаа можност да го почувствуваат задоволството од освојувањето на престижниот пехар.

Во првото машко полуфинале во салата „Парк“, второпласираниот тим во првенството, Универзитет во Тетово ќе се сервира против Шкендија која не успеа да влезе меѓу четирите најдобри во Првата лига, но го мина ГОК Борец и ја заработи привилегијата да биде во елитниот квартет во купот.

Универзтет оствари 14 победи во шампионатот, противникот 11, но шест од нив беа против екипите во понеквалитетниот натпреварувачки сегмент. Универзитет е во серија од четири лигашки триумфи, Шкендија ги загуби последните два, а не можеше да му парира на локалниот ривал ниту во единствениот меѓусебен дуел сезонава.

Во последното коло есеноска, Универзитет во Тетово победи со 3:1, така што и овој параметар е на негова страна. Единствена предност за Шкендија во споредбата може да биде реномето, затоа што Универзитет има едно финале досега, а ,,Црвено-црните” две. Шкендија го освои куп-пехарот во 2011 совладувајќи го Борец Брако во Скопје со 3:1, а следната сезона повторно беше актер на завршниот натпревар, но не успеа против Џио Струмица.

Од тоа финале досега минаа седум, а во нив неприкосновен беше токму составот на Џио Струмица со пет титули, односно вкупно шест во претходните осум години. Не само поради тој факт, туку и поради објективниот квалитет, за очекување е последниот освојувач на двојната круна кај нас да ја заврши работата и во денешното полуфинале против Вардар, кој, пак, е една од двете екипи коишто успеаја да ја прекинат серијата на струмичани.

,,Црвено-црните” го кренаа куп-пехарот во 2013 со триумф во финалето во Тетово над тимот на Лирија. Знаејќи дека вардарци се трети во првенството, а ги загубија сите четири меѓусебни средби на коишто заработија само еден сет, Џио Струмица важи за фаворит не само на овој меч, туку и на целиот завршен куп-турнир во салата „Парк“.

Амбицијата на репрезентативниот состав на струмичани е седмипат да слават во купот во последните девет години, а доколку успејат, тоа ќе биде четвртипат по ред не сметајќи ја минатата година кога сезоната не заврши поради пандемијата.

Полуфиналето меѓу Универзитет во Тетово и Шкендија ќе почне во 16, а второто меѓу Џио Струмица и Вардар од 19 часот. Утре, во истите термини во женска конкуренција, Вардар жени 2019 ќе се сретне со Работнички Скопје, а Струмица жени со Јанта волеј Кисела вода. Финалните натпревари се закажани за в недела од 15 и од 18 часот. Преносите од сите шест куп-пресметки ќе бидат емитувани на МРТ-3.

Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd

ShareTweet
Претходна вест

Мојсовски: Спортистите со спортска пензија и субвенцирање на сегашните

Следна вест

(ВИДЕО) Саут Сиднеј Рабитохс славеа во градското дерби на Сиднеј

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

ЖКК Бадел по планот ја совладаа и Струга за максимален ефект
Кошарка

Бадел владее во женската кошарка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(Галерија) Стружанки неможеа против расположениот Бадел
Кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
Кошарка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф
Останато

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Саут Сиднеј Рабитохс славеа во градското дерби на Сиднеј

(ВИДЕО) Саут Сиднеј Рабитохс славеа во градското дерби на Сиднеј

Последно

Бадел владее во женската кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

(ВИДЕО) Ферстапен славеше после хаосот во Имола

(ВИДЕО) Ван Аерт најдобар во фото-финишот на Амстел Голд Рејс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.