
По дваесет и први пат во своето постоење, односно за првпат после 2018, екипата на Сари стана шампион на најпрестижното клупско натпреварување во тест крикет – Каунти Чемпионшип.
Во претпоследното коло од Дивизија 1, новите шампиони го совладаа Јоркшир со 333 & 55/0 – 179 & 208.
Сепак, титулата беше добиена, благодарение на Кент, кој на гостински терен го совлада второпласираниот Хемпшир со лесни 55 & 300 – 165 & 269.
За Сари, клучен удирач во првиот ининг беше Оли Поуп со 136 поени, а во вториот удираа само Рори Барнс и Рајан Пател, кои додадоа уште 30, односно 19 поени.
Од фрлачите на Јоркшир, најмногу се истакна Стивен Патерсон (4-69), додека, неговите најдобри колеги од противничката екипа беа Том Лоус (4-31) во првиот и Даниел Ворал (4-61) во вториот ининг.
Кај поразениот состав, најефикасни поединци беа Џорџ Хил (28 & 35), Том Колер-Кадмор (55 & 11) и капитенот Џонатан Татерсал (45* & 21).