
Во премиерата на дваесет и првото коло од Чемпионшип, Сандерленд славеше над Бирмингем со 1-2.
За ,,Црните мачки”, ова беше прв меѓусебен гостински триумф после 2014, односно прв лигашки триумф на ,,Ст. Ендру’с” после 1997.
Домашниот состав беше подобар во играта, но гостите стекнаа водство од 0-2 заклучно со стартот на второто полувреме.
За Сандерленд, во листата на стрелците се запишаа Елис Симс (25′), како и асистентот при првиот гол – Амад Диало (49′).
До крајот, ,,Сините” само го преполовија својот резултатски дефицит преку првиот овосезонски погодок на Лукас Јуткиевич (78′).
На табелата, Бирмингем остана на десеттата, а Сандерленд скокна на дванаесеттата позиција.