
Во рамките на синоќешната НБА програма, Мемфис Гризлис ги декласираа Оклахома Сити Тандер со 152-79 и поставија бројни рекорди.
Пред сè, победата на Гризлис од +73 претставува највисока победа во историјата на НБА.
Притоа, се издвојуваат уште неколку рекорди на самата франшиза:
- најмногу постигнати поени (152)
- најмногу асистенции (41)
- највисок процент на шутеви од игра (62,5%)
- највисоко водство (+78)
Гризлис поведоа уште од самиот старт и во текот на цел натпревар само ја зголемуваа својата предност.
Кај Оклахома, по 12 кошеви постигнаа Мајк Мускала, Тре Ман и Тај Џером, а Лугентц Дорт додаде уште 15 кошеви.
На спротивната страна, дабл-дабл запиша Санти Алдама (18 поени и 10 асистенции), а поефикасни од него беа само Де’Ентони Мелтон (19) и Џерен Џексон (27).
Мемфис (12-10) го зазема петтото место во Западната конференција, додека Оклахома (6-16) се наоѓа на тринаесеттата позиција.