
Иако немаат шанси за плејоф, Сан Хозе Шаркс решија да им ја искомплицираат ситуацијата на Винипег Џетс за пласман во доигрувањето, откако ги совладаа со 3-0.
Имено, Џетс останаа на осмото место во Западната конференција, додека Шаркс и понатаму ја заземаат претпоследната позиција.
На натпреварот, стрелци беа Ноа Грегор во првата, односно Кевин Лабенк и Мартин Каут во третата третина.
Голманот на ,,Ајкулите”, Џејмс Рајмер, запиша 41/41 одбранет шут и го освои вториот овосезонски шут-аут.