
За првпат после единаесет години Пеликанс влегоа во полуфиналето на финската хокеарска Лиига.
Во четвртфиналната фаза, претставниците на Лахти го елиминираа составот на КалПа со вкупни 4-3, добивајќи ја ,,мајсторката” со 4-2.
Околу средината на натпреварот, домаќините веќе имаа водство од 3-0, благодарение на Тајлер Келер, на Лукаш Јасек и на Ларс Бригман.
Во продолжение, Бригман уште еднаш ја затресе противничката мрежа, а пред и после неговиот втор погодок, за гостите реализираа Антон Карлсон и Ласе Лапалаинен.
Во полуфиналето, Пеликанс ќе ги одмерат силите со второпласираниот после регуларната сезона – Илвес Тампере.