
Сан Франциско Џајантс ја зголемија својата победничка серија на пет натпревари, откако синоќа ги поразија Чикаго Кабс со 1-6.
Кабс го отворија резултатот во четвртиот ининг, кога поведоа со 1-0 преку дванаесеттиот хоум-ран во сезоната на Френк Швиндел.
Во продолжение, Џајантс постигнаа по еден поен во шестиот и во осмиот, односно четири во седмиот период.
Од редовите на гостинскиот состав, хоум-ран запишаа Иван Лонгорија и Брендон Белт (+1), а по четири бази освоија Брендон Крофорд, Кајл Јастрземски и Крис Брајант.
Непосредно по натпреварот, Џајантс (91-50) го продолжија својот престој на врвот на Националната лига, додека Кабс (65-77) ја заземаа десеттата позиција.