
Сан Диего Падрес ја запишаа петтата меѓусебна победа во низа над Аризона Дајамондбекс, откако синоќа ги совладаа со 3-2 после два дополнителни периоди.
Аризона поведе со 0-2 во третиот ининг, кога ,,внатрешен” хоум-ран постигна Џордан Лаплоу, додека на базите беше Гералдо Пердомо.
Во истата деветтина, Си Џеј Абрамс го намали заостатокот на домаќините, а на 2-2 израмни Ерик Хосмер со петтиот овосезонски хоум-ран во шестиот ининг.
Победничкиот поен на Падрес беше дело на Хозе Азокар, кој освои четири бази по ударот на Хорхе Алфаро.
За Дајамондбекс, стартниот фрлач Зек Гален, постави свој рекорд на кариерата со единаесет освоени страјк-аути во првите шест фрагменти од играта.
Во Националната лига, Сан Диего (43-27) го зазема третото место, додека Аризона (32-38) се наоѓа на деветтата позиција.