Започнуваме нoва традиција а тоа е организација на Детски атлетски камп. Од оваа година со поддршка на Western Balkans Fund а кофинансирано од European Union од 19-26 јуни во Охрид ќе се одржи Детски атлетски камп за деца до 16 години. Со особено задоволство поддршката на горенаведените субјекти ни овозможи уште од првата година да си имаме деца од Тирана, Р. Албанија, Кула, Р. Србија и Скопје, Република Македонија. Поддшката е дел од добиениот проект Охрид трчаТ Атлетски детски камп 2022 во кој АК Охрид трчаТ е лидер апликант додека АК Хајдук-Маратон Тим Кула, Треил Албанија и АК Работнички се партнери на проектот. Кампот оваа година ќе има 70 деца од 3 држави на возраст од 8 до 16 години. Тренинзите ќе се одржуваат на градскиот стадион “Билјанини Извори” каде е испланиран и завршен натпревар помеѓу децата учесници на кампот. Покрај тренинзите на кампот ќе има и многу други активности како социјални така и рекреативни секако надополнети со многу едукација.

Имаме можности кои треба да ги искористиме и кои треба во годините и децениите кои следат да ни бидат основ за да успееме да го подобриме квалитетот на живот а со тоа и квалитетот на нашата иднина. Ние се определивме во овој дел да делуваме (спортски, детски) и искрено се надевам дека ќе успееме да се наметниме како организација и град кој во иднина ќе постане центар на детската атлетика каде што во две три недели во текот на месец јуни до почеток на јули ќе бидеме домаќини на многу млади атлетичари од многу држави од регионот и пошироко. Оваа година со скромна најава но со есенцијална поддршка од Western Balkans Fund успеавме да ги удриме темелите на нашата визија. Благодарност голема до нив и до ко-финансиерите Европска Унија но и до нашите партнери во реализацијата на првиот Ohrid trcaT Kids Athletic camp, AK Hajduk-Maraton Tim Kula, Trail Running Albania и AK Rabotnicki
Иван Цветкоски, Охрид ТрчаТ


