Во најдолгиот синоќешен натпревар, Сан Антонио Спарс ги совладаа Вашингтон Визардс со 153-157 после две одиграни продолженија.
Во тесен меч, после четири одиграни четвртини, резултатот гласеше 130-130, за после првиот дополнителен период да биде 145-145.
Од домашните редови, Кајл Кузма беше најефикасен со 36 поени, а уште 24 додаде Кентејвиус Колдвел-Поуп.
Кај Спарс, трипл-дабл направи Деџонте Мареј (31 поен, 13 скокови и 14 асистенции), дабл-дабл постигна Јакоб Пелтл (28 кошеви и 11 скокови), а најефикасен со 32 поени беше Келдон Џонсон.
Во Западната конференција, Сан Антонио (24-36) го зазема единаесеттото место, додека Вашингтон (27-32) ја држи истата позиција на Истокот.