
На 7 септември 2021, Металург Магнитогорск го загуби својот последен меч пред да ја започне серијата од рекорди четиринаесет победи во низа.
Сепак, денес беше прекината и оваа неверојатна секвенца, откако Салават Јулаев Уфа ги порази ,,Лисиците” со 2-5.
За Металург, воедно ова е втор пораз во сезоната и исто така втор од денешниот ривал на домашен терен.
Салават го започна мечот со серија од 0-3, благодарение на Сергеј Шмелјов, на Пјотр Хохрјаков и на Филип Ларсен.
Во продолжение, Линус Хултстром, со своите дебитантски голови за Металург, намали на 2-3 и ги врати надежите за петнаесеттиот врзан триумф.
Сепак, до крајот на втората третина, мрежата на Васили Кошечкин ја затресоа Александер Кадејкин и на Теему Хартикаинен, кои воедно го поставија и конечниот резултат.


