
Салават Јулаев Уфа го искористи првиот меч на домашен терен од четвртфиналната фаза на КХЛ за да поведе со вкупни 2-1 против Трактор Чељабинск.
Во третиот натпревар, ,,Зелените” од Уфа ги добија ,,Мечките” со конечен резултат од 3-1.
Во првата третина, Глеб Кузмин го отвори резултатот во корист на домашниот состав, а во вториот период, Виктор Тихонов ја удвои предноста.
Кон крајот на вториот дел, во момент кога имаа играч помалку, гостинските хокеари намалија на 2-1 преку Томаш Хика, а конечниот резултат го постави Николај Кулемин на празна мрежа на седум секунди пред крајот.