По вторпат сезонава, Минесота Тимбервулвс ги поразија Сакраменто Кингс, откако синоќа славеа со 120-134.
Мечот беше неизвесен сè до средината на четвртата четвртина, кога гостите со серија од 20-5 дојдоа до втората победа на последните три средби.
Од редовите на победничкиот состав, со по 28 поени, најефикасни беа Ентони Едвардс и Д’Анџело Расел, а дабл-дабл забележа Карл-Ентони Таунс (26 поени и 18 скокови).
Од друга страна, кај Сакраменто, најпрецизни со по 20 кошеви беа Херисон Барнс и Морис Харклес.
На табелата на Западот, Минесота (16-43) скокна на претпоследното место, додека Сакраменто (23-35) е за две позиции подобар.
📸 Rocky Widner/NBAE via Getty Images