Николче Мицевски композитор на многу хитови на наши познати пејачи го објави спотот за новиот сингл „Круг“, кој е најава за неговиот прв албум. Во видеоспотот за „Круг“ , како сценарист, снимател и режисер стои Даниел Јовески, а за костимографијата се погрижија дизајнерот Андреј Папаз и Даниел Јовески.

Драги мои. На мое огромно задоволство, Ви го претставувам првиот сингл “КРУГ” како најава за мојот прв албум “New Era”. “World Fusion” музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е “Круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на “Круг” му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена “КРУГ”Уживајте!! – стои на фан страната на Николче Мицевски како најава за оваа песна.



