Минатата 2020 година беше многу тешка и за фудбалската легенда Роналдињо кој 171 ден беше во затвор и куќен притвор во Парагвај. Сепак бразилецот сними музички спот во своето студио, снима реклами, а почна да произведува и алкохолни пијалоци (џин кој се вика Р-ОНЕ).
Во музичкиот спот кој за десетина дена има речиси два милиони прегледи, Роналдињо е во една од главните улоги, заедно со голем број атрактивни девојки и за четири месеци заработил околу 1 милион евра.