Двојниот победник на квалификациите во Клингентал, Рјоју Кобајаши, стана првиот скокач со два триумфи во новата сезона од Светскиот куп.
Имено, Јапонецот беше најдобар на двете серии од седмото овосезонско натпреварување што беше доволно за освојување на 21. победа во кариерата.
Шампионот од 2018/19 ја предводеше плејадата од пет норвешки скокачи, од кои, на подиумот завршија Даниел Андре Танде и Мариус Линдвик.
Без пиедестал, од избраниците на Александер Штокл, останаа Роберт Јохансон, Халвор Егнер Гранеруд и Јохан Андре Форфанг.
Во првите десетмина се пласираа уште Цене Превц, Константин Шмид, Јунширо Кобајаши и Филип Ашенвалд.
Негативно изненадија Карл Гајгер, Анже Ланишек и Штефан Крафт, кои се пласираа помеѓу 20. и 30. место, а потполно разочара Маркус Ајзенбихлер, кој не избори пласман во втората серија.