
Ричмонд Тигерс влегоа во плејоф-зоната на АФЛ, откако во тринаесеттото коло славеа над Порт Аделаид Пауер со (11.11) 77-65 (10.5).
,,Тигрите” водеа во поголемиот дел од натпреварот, иако гостите имаа позитива од пет поени на стартот на четвртиот квартал.
Сепак, до крајот, Ричмонд направи серија од 24-7 и се врати на победничките патеки после поразот од Сиднеј Свонс во претходната рунда.
Во поразениот состав, по седум поени (1.1) запишаа тројца фудбалери, Сем Пауел-Пепер, Карл Емон и Џереми Финлејсон, а најефикасен беше Тод Маршал (3.1).
Кај Тигерс, најрасположени во офанзивата беа Џек Риволдт (1.1), Лиам Бејкер (1.2), Џадсон Кларк (2.0) и Дастин Мартин (2.0).
Во моментот, Ричмонд се искачи на осмата позиција, а Порт Аделаид го зазема дванаесеттото место.