На денешен ден пред 4 години по пауза од цели 15 години еден од најракометните македонски градови Струга конечно повторно доби суперлигаш во ракомет.
Ракометарите на РК Струга се изборија за место во Супер лигата на Македонија откако во бараж пресметката која се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци славеше против Металург 2 со 32-24 (полувреме 14-11).
Од самиот почеток на средбата РК Струга го презеде водството и до самиот крај дисциплинирано ја одржуваше предноста, а во последните десетина минути Металург 2 немаше сили за пресврт и затоа позитивата растеше за краен резултат и победа од 24:32 на полувреме (11:14). Помош во овој натпревар стигна и од Наум Танески кој покрај улогата на тренер се соблече и им помогна на ракометарите и долу на паркетот со своето големо искуство. На трибините во Кавадарци покрај претседателот на клубот легендарниот ракометар Наумче Мојсоски, имаше и околу 500 стружани помеѓу и навивачката група Паткари кои со својата поддршка помогнаа да се оствари овој историски успех.