На популарниот стадион „Еџбастон“ во Бирмингем беше одигран дуелот од првото коло на англискиот Каунти Чемпионшип во крикет помеѓу Варвикшир и Дербишир.
Денес беше завршен првиот ден од нивниот тест дуел, кој се состоеше од вкупно 84.2 оувери и беше прекинат поради стемнувањето.
Првата екипа што удираше беше гостинската на Дербишир, која го заврши првиот свој ининг со 189/10 (78.2).
Нивниот удирачки период започна на очаен начин, откако Лиам Норвел освои два викети против капитенот Били Годлман и Ануџ Дал за почетен резултат од 0/2.
Истиот играч до крајот фрлаше во текот на 18 оувери и оствари перфектен учинок, посебно кога станува збор за тест крикет, од 5-32. Освен Годлман и Дал, жртви на најдобриот фрлач беа Луис Рис, Мет Кричли и Харви Хосеин.
Оли Хенон-Далби (2-54), Крег Мајлс (1-44), Дени Бригс (1-27) и Вил Роудс (1-1) беа задолжени за останатите пет викети на домашниот состав. Интересен е фактот дека Роудс го освои својот викет против Фин Хадсон-Прентис во 61. оувер со првата своја уфрлена топка.
Имено, од гостинскиот состав најмногу се истакнаа Рис и Кричли, кои освоија 63, односно 64 поени од вкупно 241 топка упатена кон нив.
Освен Годлман и Дал, без освоени поени беше елиминиран и Леус ду Плој, а останатите играчи што доживеаја викет беа Вејн Мадсен (15), Мајкл Коен (4) и Сем Конерс (9).
Вториот ининг започна на ист начин како и првиот, односно со доживеана елиминација за 0/1, откако фрлачот на Дербишир, Сем Конерс, го елиминираше капитенот на Варвикшир, Вил Роудс, со втората уфрлена топка и го заврши денот со учинок од 1-2 после три фрлачки оувери.
Во продолжение, со наредните 34 топки, Дом Сибли и Роб Јејтс освоија вкупно 13 поени.
📸 Michael Steele/Getty Images