Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Сан Диего Падрес ги совладаа Тексас Ренџерс со 0-3.
За претставниците на Калифорнија, ова беше петти овосезонски триумф, но прв во историјата на франшизата на кој не допуштија ниту една освоена база.
Имено, ,,Ренџерите” беа во целост индиспонирани од фрлачот на Падрес, Џоу Масгроув, кој настапи во сите девет ининзи и запиша десет страјк-аути.
Од друга страна, поените за победничкиот состав паднаа во вториот и во третиот период, откако Ерик Хосмер, Вил Мајерс и Трент Гришам освоија по четири бази.
На табелата на Националната лига, Сан Диего (5-3) го држи петтото место, додека Тексас (3-4) е единаесетти тим во Американската лига.
📸 Ronald Martinez/Getty Images



